ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Тетово се жали на притисокот од централната власт: Министерството за труд го блокира вработувањето во градинкитe

Општина Тетово се жали на притисокот од централната власт: Министерството за труд го блокира вработувањето во градинкитe

Општина Тетово се жали на притисокот од централната власт. Шефот на Советот Бесар Дурмиши, вели дека Министерството за труд го блокира вработувањето во градинките, иако има над 30 слободни работни места. Поради недостаток на негуватели, голем број деца не можат да се запишат во градинка. Советот на Општина Тетово, на денешната седница ја изгласа одлуката за отворање на нова градинка во Тетово, но се сомневаат дека оваа одлука ќе биде одобрена од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за финансии, за да се направат потребните вработувања.

„Градинките имаат недостаток на кадар и недостаток на воспитувачи и негувателки, но МТСП не смета дека е разумно да се даде согласност на оние лица кои веќе се пензионирани и треба да бидат заменети. Затоа, директорката на градинката поднесе до советот барање за 33 вработувања, за да има финансиска покриеност од општината. Откако ќе го обезбедиме финансиското покритие, ќе го испратиме назад до Министерството, но за жал сè уште нема одговор“, рече Бесар Дурмиши, претседател на општинскиот совет на Тетово.

Го прашавме и техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велкоски, кој рече дека во овој предизборен период не може да се отворат градинки и да се отворат нови работни места. Тој побара да се почека до завршување на изборите.

Од детската градинка „Риниа“ велат дека се обратиле до министерството уште во 2022 година, но иако се побарани согласности за околу 30 вработувања, Министерството има дадено дозвола само за едно вработување. Директорката на Детската градинка „Риниа“, Фатлинда Јахја, за Алсат изјави дека доколку овие вработувања не бидат дозволени до септември, ќе биде принудена да ја затвори детската градинка поради недостиг на воспитувачи./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button