ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Во сложувалката со Бугарија недостасува лепило

Сложувалката на преговорите помеѓу Софија и Скопје ги содржи сите потребни делови, но недостасува лепилото, рече во одговор на новинарско прашање министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Во таа сложувалка фали лепилото. Тоа лепило е политичката волја. За жал, сметам дека тоа што фали во моментот е политичката волја тие елементи на сложувалката да ги стави во еден сеопфатен процес којшто ќе значи ново поглавје на односите помеѓу нашите две држави и ново поглавје на ЕУ со Западен Балкан“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button