ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полициските „тигри“ чисти од наркотици, останува само еден случај

Нема други припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кои консумирале наркотици. Медицинските прегледи извршени од 10 јули наваму констатирале дека само еден член кој беше уапсен претходно, се покажало дека е зависник од дрога. Тој е суспендиран, но против него сè уште нема кривична пријава.

„Беа направени анализи на двајца членови на САЕ „Тигар“. Кај еден од нив е констатирано присуство на дрога која се консумирала во организмот. Наведениот службеник е суспендиран, додека соодветната Комисија ја спроведува постапката за докажување одговорност“, наведоа од МВР.

На 10 јули, во една од дискотеките во Скопје, полицијата уапси две лица, Д.С и М.К., едното за поседување дрога при претресот и обидот за бегство, а другото за спречување на полицајците да го совладаат осомничениот. Подоцна беше потврдено дека Д.С. е член на единицата „Тигри“. Неофицијално, извори на Алсат тврдат дека голем број припадници на оваа единица земале медицинско отсуство во моментот кога наредбата за тестирање на крвта била дадена за целата единица за евентуално да се избегне лекарски преглед.

Официјално запрашани за ваквиот потег на припадниците на елитната единица, МВР на 16 јули објави дека сите членови ќе бидат предмет на анализа, но од министерството не потврдија дали некои од службениците ја искористиле правната празнина за да избегнат да бидат анализирани. „Тигрите“ се познати како единствена единица во рамките на МВР во чии редови нема ниеден Албанец.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button