ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот нема да влијае на изборниот процес, иселениците не го губат правото на глас

На дијаспората нема да и биде ускратено правото на глас. Премиерот Зоран Заев вели дека без оглед на пописот на населението и категоризацијата на граѓаните дека се или не жители/резиденти, правото на глас на никому нема да му биде ускратено.

Во текот на денот, претседателот Стево Пендаровски се состана со министерот за правда Бојан Маричиќ, и директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски. На состанокот се разговараше за подготвеноста на институциите и важноста за нивната соработка во спроведувањето на процесот на попис. Претседателот побара сите потребни стандарди да бидат вклучени во пописот, и да се гарантира демократски и кредибилен процес. Законот за попис на населението е во собраниска процедура, додека неговото усвојување се очекува во првата половина на јануари.

По одобрувањето, до 1 март, Државниот завод за статистика мора да ја подготви методологијата за спроведување на пописот, додека процесот ќе се одвива од 1 до 21 април. Законот предвидува дополнителен рок за попис за лица кои за време на пописот не се во земјата, или не се пријавуваат по електронски пат.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button