ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Порано имаше краснопис, а сега учениците чкртаат по листовите и „типкаат“ по тастатурите

Неразбирлив ракопис и чкртаници. Вака изгледа скоро секоја втора училишна тетратка. Порано во училиштата се учеше и краснопис, но сега учениците чкртаат и „типкаат“ по тастатури. Сепак, има некои такви кои имаат импресивен ракопис. Елса е седмо одделение и многу е посветена на краснописот.

„Јас по природа сум таква, а многу ми помогна и мојата наставничка Мевлурије Рацај. Таа секогаш нè советуваше да бидеме педантни, да ги почитуваме интерпункциските и правописните знаци. И мајка ми понекогаш ме учеше, јас го стискав моливот, а мајка ми ме советуваше да пишувам лесно затоа што и ако направам грешка, можам полесно да ја избришам“, вели Елса.

Имало случаи кога ученици добивале послаби оценки поради лошиот и неразбирлив ракопис.

„Наставничката нè советуваше и ни кажа дека многу влијае ако пишувате убаво и педантно и на тестовите треба да пишуваме добро, а не брзо затоа што не е работата во тоа кој прв ќе го заврши тестот, туку да се пишува логично и убаво за пишувањето да биде сфатливо“, додава Елса.

Хата Зилбехари е наставничка која се занимава со оваа професија веќе 40 години. Вели дека со љубов уште ги чува тетратките на некои од учениците кои имале прекрасен ракопис. Според Зилбехари, реформите во образованието и укинувањето на часот по краснопис се причината зошто учениците денеска не знаат добро да ги пишуваат буквите и броевите.

„Колку и да се трудите кога не посветувате цел час на убавиот правопис, убава права линија, тоа не е исто. Тешкотиите се толку големи што мора да го поправате секој трет збор, каде што е поставена запирка или точка и дали е напишано во права линија. Сега, поради овие реформи децата не успеваат, пропаѓа нивната иднина. Со жалење ќе кажам дека двете најубави работи не требаше да бидат укинати од образованието“, вели Хата Зилбехари, наставничка.

Развојот на технологијата постепено го убива интересот на децата за добар ракопис.

„И слушате многу чудни тврдења од деца сега, тие велат – што ќе ни е добар ракопис, ќе работиме со лаптоп…“, додава наставничката Зилбехари.

Многу љубители на краснописот очекуваат дека следните генерации ќе бидат толку слаби по пишување што едвај ќе можат и да се потпишат со своја рака, а уште помалку ќе можат да читаат историски документи или едноставно – некое писмо од нивните баби и дедовци.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button