ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен осомничен крадец од Штип

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, во полициска станица бил повикан 20-годишниот штипјанец Е.М., поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Како што информира МВР, Е.М. се сомничи дека сторил „кражба“ во штипско основно училиште, како и „тешка кражба“ од куќа на улица „Широк дол“ во Штип.

– Oдземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против Е.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се додава во соопштението

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button