ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Северна Македонија и Албанија повторно не добија датум за одржување на првата меѓувладина конференција

Северна Македонија и Албанија не добија согласност од сите земји-членки да започнат преговори со Европската унија. Одлуката е донесена по состанокот во Луксембург на министрите за надворешни и министрите за Европа на земјите членки.

„И покрај сите напори, не беше можно да се постигне договор за преговори за рамките на Северна Македонија и Албанија, и да се одржи првата меѓувладина конференција со овие две земји-кандидати. Како и да е, следното словенечко претседателство ќе продолжи со своите напори во надеж дека наскоро ќе донесеме позитивен заклучок, врз основа на предлогот на португалското претседателство, што е на маса.

Бугарија, преку соопштение од Министерството за надворешни работи, потврди дека нејзиниот претставник на Самитот на Советот на ЕУ, бугарскиот заменик министер за надворешни работи Румен Александров, го соопштил непроменливиот став на Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека ја цени добрата волја на Скопје, но очекува во пракса да ги спроведе обврските што ги доби од договорот од 2017 година, а тоа се:

Министерство за надворешни работи на Бугарија

“Ова вклучува одрекување од Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои поттикнуваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на Југославенскиот комунизам поради поради бугарската свест. И покрај нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира на тоа дека спроведувањето на Договорот за добрососедство ќе биде вклучено во условите во следната рамка за преговорите, за пристап на Скопје кон ЕУ.“

Александров додал и дека Софија останува отворена за продолжување на конструктивниот дијалог за изнаоѓање решенија. Пред состанокот, министрите на некои земји-членки изјавија дека Скопје и Тирана треба веднаш да започнат преговори и дека билатералните прашања треба да се решаваат билатерално. Во рамките на овој самит, Србија и Црна Гора ги имаа првите меѓувладини конференции според новата методологија за членство.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button