ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шефот на шпанската дипломатија денеска доаѓа во Скопје

Шефот на шпанската дипломатија денеска доаѓа во Скопје

Во еднодневна официјална посета на Скопје денеска доаѓа министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено.

Албарез ќе го пречека неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а предвидена е средба и со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Шпанија е државата која во втората половина на 2023 година ќе претседава со Советот на ЕУ, па покрај билатералните односи меѓу двете земји, се очекува централно место во разговорите со шефот на шпанската дипломатија да биде и забрзувањето на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ.

Според најавите, во таа насока ќе се потпише и Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

Посетата на Албарез на Северна Македонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а денеска пред да пристигне во Скопје ќе ја посети и Тирана.

Шпанското МНР соопшти дека Албарез доаѓа на Балканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да ѝ се приклучат на Унијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button