ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шврговски: Нема ниту еден доказ дека Мијалков поттикнал нечовечко апсење на Бошковски

Одбраната на Сашо Мијалков смета дека обвинението за случајот за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски, „Тортура“ е темелено на претпоставки. Во завршниот збор, неговите адвокати наведоа дека тој немал телефонски контакт со полициските службеници кои сега се обвинети за нечовечко апсење, што лесно се проверува кај телефонските оператори. Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека нема ниту еден доказ оти Мијалков ги поттикнал Алфите за апсењето на Бошкоски.

„Поттикнувањето мора да се однесува на одредено лице, на одредено кривично дело. Поттикнувачот мора да го знае лицето кое се наведува на извршување на кривичното дело. Поттикнувачот мора да биде свесен дека друго лице наведува на извршување на кривично дело. Истиот мора да биде свесен и за самото дело на кое поттикнува друго лице“, рече Шврговски.

На 31 мај продолжува судењето за „Тортура“ со завршни зборови на дел од одбраната. По адвокатите, свој завршен збор може да дадат и обвинетите. Претходно, јавното обвинителство побара затворски казни за овој случај. Поранешниот шеф на тајната полиција, Мијалков и уште шест припадници на некогашната полициска единица „Алфи“ се обвинети за нечовечкото и понижувачко апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“ Бошкоски во 2011 година.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button