ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Кај граничниот премин Стар Дојран нема чести обиди за нелегален премин на мигранти

Напливот на мигранти од грчката граница кај преминот Стар Дојран е на ниско ниво поради мерките за заштита од пандемијата кои се во сила и кај нас и во соседна Грција, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Како што кажа тој, нелегалните минувачи настојуваат да ја одбегнат рутата поради лошиот терен, но и покрај тоа државните капацитети се насочени кон граничниот надзор.

„Соработката со колегите, не само од Република Грција, туку и од целиот регион е на многу високо ниво кога станува збор за илегалната миграција бидејќи се знае ако државите соработуваат, тогаш имаме сериозни успеси“; рече Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button