ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сухоите на АРМ летаат назад за Украина?

Сухоите на АРМ летаат назад за Украина?

Нема конкретен одговор дали Македонија ќе ѝ донира на Украина дополнителна помош во воена опрема. Информацијата што се појави во дел од медиумите дека четирите воени авиони „сухои-25“ од домашната авијација ќе заминат за Украина, Министерството за одбрана ниту ја потврдува, ниту ја демантира.

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“, велат од Министерство за одбрана.

Според информациите во медиумите, станува збор за четири постари авиони кои Македонија ги купи од Украина во 2001-вата година и не се знае дали во каква состојба се и дали се функционални.

Претходно домашните власти донесоа одлука да донираат и тенкови, кои се исто така постара генерација, а исто така беа набавени од Киев во конфликтот во 2001-вата. Од ресорното Министерство посочија дека согласно владините одлуки, во неколку наврати била донирана воена опрема на Украина и оти тоа било во координација со сојузниците, при што повторија дека земјава како членка на НАТО го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, како и дека остро ја осудува руската агресија.

Москва пак, донацијата на тенкови ја оцени како „голема грешка“, а од Скопје возвратија дека „Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право“.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button