ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара пратенички прашања

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски најави дека во текот на денешниот ден како пратеничка група ќе поднесат потписи за свикување нова седница за пратенички прашања на 30 декември 2021 година или последниот четврток во месецот.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери образложи дека Владата во моментот кога е во оставка, Собранието констатира престанок на мандат и Владата не може да кореспондира со Собранието. Тој појасни дела на седница за поставување пратенички прашања обврска е да присуствува премиерот, кој нема мандат, како што нема ниту еден од министрите. Членовите на Влада немаат мандат, а Владата не може да ја претставува заменик-министер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button