ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО најавува целосна блокада на Парламентот поради предлог-законот за канабис

Опозицијата најавува целосна блокада на Парламентот откако Владата доцна синоќа го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги. Со него се планира фирмите кои одгледуваат канабис да можат веќе произведените количини на сув цвет да ги продаваат во странство. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта сака да легализира, како што рекоа, криминал на Зоран Заев. Доколку законот во Собранието биде доставен со европско знаменце, ВМРО најавува блокада на сите закони.

„Лиценците за канабис кои се дадоа изминативе години, се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е таа и на семејството Заеви. Јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари кои се сомневаме дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви“, рече Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Но, според премиерот, со секојдневното одложување на ова законско решение државата губела дополнителни пари од тој бизнис во буџетот. Владата планира дел од уплатените средства да се користат за ретки болести, за медиумите, културата, образованието и спортот. Се планира да се формира и посебна Агенција за канабис, надлежна за контрола врз овој бизнис.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button