ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во тек е етапната исплата на декемвриските пензии

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2021 година (вторник); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2021 година (среда); и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2021 година (четврток), наведуваат од МТСП.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button