ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховен го отфрли барањето на Груевски за „Шамари во Центар“

Никола Груевски падна и на Врховниот суд. Највисокиот суд го отфрли како недозволено неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со нарачаното насилство во Центар. Вака пресуди Врховен зашто барањето го поднел адвокатот Петар Тимовски, кој го бранеше Груевски по службена должност. Но, адвокати по службена должност немале овластувања да бараат вонредно преиспитување на правосилна пресуда. Тоа можело да го стори само адвокат кој има полномошно од обвинетиот, а такво нешто Груевски не дал. За насилните протести пред Општина Центар во 2013 година Груевски доби затворска казна од една и пол година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button