ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Соработка со сите владини партии

Премиерот Зоран Заев посочи дека неговата СДСМ е во владина коалиција со ДУИ, БЕСА и ДПА и дека заедно ќе настапат на локалните избори на есен. Не можел да соопшти детали околу соработката, оти не се знаеле сите конечни имиња на кандидати за градоначалници. Таму каде сите партии од колицијата ќе имале кандидат, за премиерот е логично во првиот круг секоја да застане поединечно зад својот избор.

 „Сите го земаат Тетово, веројатно најмногу кандидати ќе има. Еве веќе од прилика јасно е дека ДУИ ќе има кандидат, се знае дека БЕСА ќе има кандидат, ДПА ќе има кандидат, ние ќе имаме кандидат, ќе има ВМРО ДПМНЕ сигурно кандидат, како и Алијанса – Алтернатива. Најавуваат независни листи, така да помалите партии да застанат зад СДСМ или јас да бирам зад кој да застанам како СДСМ. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме „феринаф“. На граѓаните ќе им оставиме право сами да ни кажат кој е патот, кој треба да биде избран во Тетово“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button