СПОРТФУДБАЛ

Букајо Сака, е неизвесен за дуелот на Арсенал со Манчестер Сити

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, е неизвесен за дуелот на Арсенал со шампионот Манчестер Сити в недела, призна менаџер Микел Артета.

Ѕвездата на „топчиите“ ја заработи повредата во првото полувреме од групната фаза од Лигата на шампионите против Ленс, кој францускиот тим го доби со 2-1. 22-годишниот англиски репрезентативец заработи ситна повреда и на мечот против Борнмут на крајот од минатата недела, кој неговиот тим го доби со 4-0.

„Тој доби силен удар и на последниот меч во Премиер – лигата, но после тоа се чувствуваше добро. Не пропушти ниту еден првенствен натпревар, иако имаше некои проблеми во последните месеци. Му дадовме пауза во Лига Купот”, коментираше Артета по вчерашниот натпревар, кој често е критикуван дека многу ретко му дава одмор на Сака.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button