СВЕТ

ЕУ со предупредување до Белорусија и Русија

Европската унија ги предупреди Белорусија и Русија дека е подготвена да донесе нови санкции против двете земји, бидејќи најголемите сили на блокот сигнализираат оти истекува трпението во врска со корупцијата и недостатокот на демократија. На состанокот во Луксембург, министрите за надворешни работи од 27-те членки на ЕУ повторија дека изборите во Белорусија во август не беа „ниту слободни ниту фер“ и се заканија дека ќе воведат рестриктивни мерки кон Александар Лукашенко, автократскиот лидер на земјата, велејќи дека тој „нема демократски легитимитет“.

„Советот на ЕУ најостро го осудува насилството што го користат белоруските власти врз мирољубивите демонстранти и повикува на ослободување на сите притворени лица, вклучително и на политички затвореници“, се наведува во изјавата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button