ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фајон: Сите одговорни партии да ги направат потребните чекори за да продолжи евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека уставните измени се клучни за Северна Македонија да оди напред на патот кон Европската унија и ги повика сите политички партии да ги поддржат.

– Ги повикувам сите одговорни партии во оваа држава да ги направат овие нужни чекори како што е промената на Уставот за да може овој процес на проширување и претпристапни преговори да може да продолжи. Тоа е одговорност кон државјаните, кон граѓаните и граѓанките и тоа е клучно за да може Северна Македонија да оди напред кон ЕУ. Денес проширувањето стана геостратешка итност и затоа уште еднаш и посакувам на Северна Македонија многу храброст, многу самодоверба, цврста работа, рече Фајон на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

И според вицепремиерот Маричиќ, прифаќањето на уставните измени е единствен чекор за да се продолжи евроинтеграцијата.

-Во извештајот за напредокот за оваа година Европската комисија ни упати силна порака дека треба да продолжиме и да ја интензивираме работата на овој пат на кој сме до сега и да го зајакнеме доброто ниво на подготвеност. Имаме прогрес во 80 отсто од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје. Тоа не значи дека сме завршиле се, но значи дека имаме добра основа да продолжиме понатаму, рече Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button