ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаосот од чекање пасоши е префрлен на шалтерите за брза постапка

Граѓаните се принудени да плаќаат повеќе а велат дека само така можат навреме да ги добијат пасошите, бидејќи со редовна постапка чекањето трае и до два месеци. Во меѓувреме, останува нерешен проблемот со нефункционалната телефонска линија за закажување термин.

-„Кога ви рекоа дека ќе го добиете?
Не прашавме да не се разочараме.
-Ви треба брзо?
„Не, ќе ни треба за летово и се надеваме дека дотогаш ќе бидат готови”, вели еден граѓанин.

Од денеска се испраќаат СМС пораки од МВР со известување дека документот е готов.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека стигнале 20.000 образци.Тој побара законски измени на пасошите.

Од 5 јули 2021 година до 14 февруари годинава, пасош со новото име на државата добиле 1.324.942 граѓани.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button