ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јанакиески го скршил коленото, одложено денешното рочиште за „Шпански скали“

Поради повреда на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски денешното судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 јануари 2022 година.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”. Обвинетиот има фрактура на коленото и му е препорачано строго да мирува, рече судијката.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button