ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Коалиции за купување гласови“

Експертите за политички прашања оценуваат дека партиите предизборните коалиции ги прават за да ги обезбедат нивните позиции, а не за да излезат со најдобра понуда пред граѓаните. За поранешниот пратеник Мухамед Халили ниту од предизборната коалиција СДСМ – ДУИ ниту од евентуалната коалиција ВМРО ДПМНЕ – Алијанса и Алтернатива не се очекуваат подобри програми за подобрување на благосостојбата на граѓаните.

Мухамед Халили, политички аналитичар

„Прашање за СДСМ и ДУИ е да се биде или не, затоа што ако изгубат на локалните избори, автоматски произлегува и другото барање на опозицијата, која ако победи на локалните избори ќе бара да се оди на предвремени парламентарни избори. Секое одење на нови избори со себе носи ризик од напуштање на владата и обновување на процесите што СДСМ сега ги прави во рамките на таканареченото владеење на правото против опозицијата“.

Директорот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски вели дека политичкиот плурализам сега ги надмина етничките бариери, но најдобро решение е да се оди на локални и парламентарни избори со отворени листи. Тој рече дека сега граѓаните се принудени уште повеќе да гласаат за имињата на партиите, а не за нивните програми за соодветните општини.

Марко Трашановски, политички аналитичар

Според политичките експерти, секогаш имало тајни зделки меѓу политичките партии во замена за услуги. Пред неколку дена, СДСМ и ДУИ најавија дека заедно ќе учествуваат на локалните избори, во некои општини ќе соработуваат во првиот изборен круг, а во некои во вториот. И ВМРО ДПМНЕ не ја исклучи можноста за предизборно да соработува со опозицијата од редовите на Албанците.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button