РАКОМЕТ

Косово остана без кандидатски статус за ЕУ

Косово остана единствената земја која не ја доби препорака за статус на држава-кандидат за членство во Европската Унија во пакетот за проширување што беше претставен во Брисел. Европските претставници порачаа дека дијалогот со Србија е патот напред за Косово. Отворање на пристапните преговори беше препорачано за Украина и за Молдавија, но откако таа ќе се исполнат предусловите. За Грузија беше препорачано да добие кандидатски статус, но и таа има предуслови кои треба да ги исполни.

„Мислам дека е важно Косово да има јасна цел во однос на членството во ЕУ за да ни биде јасно што очекуваме од Косово. Кога бев во регионот разговаравме за имплементација на нацрт-статутот за Асоцијацијата на општините со мнозинско српско население и оваа имплементација ќе биде голем чекор напред. Тоа е во интерес на Косово“, рече Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button