ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Никој во државава не е одговорен затоа што Охридскиот регион може според УНЕСКО да биде светско наследство во опасност, смета премиерот Заев

Каква и да биде одлуката за Охридскиот регион ќе ја почитуваме, но ќе ни биде драго да добиеме дополнителен рок. Ова го изјави премиерот Зоран Заев денеска во Охрид пред одлуката дали „македонскиот бисер“ ќе се најде на листата на УНЕСКО на светско наследство во опасност. Сепак, тој е задоволен од досегашните резултати и рече дека градот и понатаму ќе се развива.

„Одлуката ни беше најавена, тоа беше дека Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светски богатства во опасност. Но, благодарение на градоначалникот и општинската администрацијата, со сите аргументи кои беа изнесени и од Министерството за култура и мојот кабинет, кои се во постојана дебата вчера и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати што досега се постигнати.“

Според Заев, за ваквата ситуација одговорност не може да се лоцира, а за него е поважно да се извлечат поуки.

„Одговорноста не можете да ја лоцирате, ниту во нашите, ниту во меѓународните закони, заради тоа што тоа низ времето е дозволено сè. На крајот државите немаат за цел да санкционираат или да отвораат судски постапки, правни или какви било. Главната цел е да не се повтори тоа што го довело Охрид, Охридското Езеро и охридското крајбрежје и целиот заштитен регион за да воопшто се дискутира тоа. Да ни биде поука и да учиме.“

За статусот на Охридскиот регион требаше да се гласа вчера во кинескиот град Фуџоу во Кина каде се одржува сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. На нацрт-одлуката Охрид да се стави на листата реагирала Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина која поднела амандман во кој, меѓу другото, се предлага Македонија и Албанија да продолжат да постапуваат по препораките на УНЕСКО и да поднесат конечен извештај за речиси две години, а до тогаш Охрид да не се става на листата. Инаку, градоначалникот на Охрид Константин Ѓеоргиевски најави дека дивоградбите ќе се уриваат после летната сезона, а до тогаш да не градат нови или да ги довршуваат веќе почнатите објекти.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button