СПОРТФУДБАЛ

Нори не дозволи Алкараз да влезе во историјата на тенисот

Британецот Камерон Нори е победник на АТП тенискиот турнир во Рио де Жанеиро, откако во финалето го победи бранителот на титулата и прв носител Карлос Алкараз од Шпанија со 5-7, 6-4, 7-5. Нори и Алкараз играа и во финалето на Буенос Аирес минатата недела кога Алкараз излезе како победник.

За 27-годишниот Нори ова е петти освоен турнир во кариерата од четиринаесеттото финале, прв во 2023 година. Со овој успех тој стигна до својот осумнаесетти триумф во 2023 година и стана играчот со најмногу победи во досегашниот тек од сезоната.

Од друга страна, 19-годишниот Алкараз испушти голема шанса да застане рамо до рамо со Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата. Ако Алкараз го победеше Нори, за првпат во историјата ќе имавме двајца тенисери на врвот со ист број на поени – 6.980./Гол.мк/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button