ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори

Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи и портпарол на ДУИ Бујар Османи за „Утрински брифинг“ запрашан дали е можно да се доведе во прашање мнозинството во Парламентот со оглед на резултатите на локалните избори

Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во земјава, Османи вели дека Ахмети не бил разбран соодветно.

-Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи.

Тој оценува дека ДУИ постигна одличен резултат на изборите бидејќи, како што наведе, освоиле 130.000 гласа што е повеќе од 2017 година кога имале 89.000.

-Секогаш кога ДУИ е дел од процесот на организирање на изборите, работите се одвиваат во ред. Имаме придонес што изборите поминуваат во нормален процес. Мислам дека ДУИ постигна одличен резултат. Ги зголеми гласовите од 2017 година. Ако се бројат советите и градоначалниците имаме 130.000 гласа, а имавме 89.000. ДУИ покажува стабилност во однос на поддршката од граѓани. Имаме тројца избрани градоначалници со убедлива предност. Со предност одиме во вториот круг речиси во сите општини, оценува Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button