ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиски реакции по укинувањето на притворот на Камчев

Новинар: Игор Стефановски

Уште една скандалозна одлука на Апелациониот суд Скопје, вака од политичката партија Алијанса за Алнаците го коментираат укинувањето на притворот на бизнисменот Орце Камчев. Според Алијанса, Камчев ја купил слободата.

„Се ослободува уште еден соработник на претходниот режим и на актуелниот хибриден режим предводен од Ахмети-Мијалков-Заев. На ист начин, како и многу други криминалци и Орце Камчев си ја купи слободата, еден од главните обвинети за најтешките дела на злоупотреба на парите на граѓаните. Камчев, исто како и Мијалков, си ја купува слободата токму со парите за кои постои сомнение дека ги има украдено од вашите џебови“, изјави Аднан Незири, пратеник на Алијанса.

Вистинските одговори за сите прашања поврзани со правосудството треба да се бараат од премиерот во заминување, Зоран Заев, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

„Таквата одлука е во доменот на работа на судството и обвинителството. Од сведочењето на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, видовме дека луѓе се ставале и се ваделе од притвор, се нарачувале и покренувале и повлекувале обвиненија по нарачка на Зоран Заев. Единствено, на Зоран Заев“.

На Камчев му беше одреден притвор во март по сознанијата на АНБ дека подготвувал бегство. По поминати 10 месеци во притвор за случајот „Плацови на Водно“, Апелациониот суд му ја прифати гаранцијата./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button