ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потрошувачката кошничка за една година зголемена за 17.000 ден.

Потрошувачката кошничка за една година зголемена за 17.000 ден.

За една година основните производи и услуги потребни на едно четири члено семејство се поскапи  за 17 илјади денари. Потврда за ова дава последната пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка која чини 51 500 денари, наспроти трошоците во октомври лани кога таа тежела 34 500 денари. Најголема разлика во трошоците на домаќинствата има кај храната, ако лани во октомври биле потребни 14 800 денари, сега за храна и безалкохолни пијалаци се неопходни близу 19 500 денари. Податоците на ССМ покажуваат и дека годинава се потребни 1000 денари плус за јавен превоз. За 500 денари се зголемени трошоците за одржување на хигиена. Синдикалците напоменуваат дека оваа пресметка е најрелевантна за семејства кои немаат личен автомобил и се без станбен кредит.

„Растот на производите и цените, но и инфлацијата не го следи растот на платите. Се повеќе луѓето осиромашуваат. Верувајте дека со една неземена плата, илјадници работници влегуваат повторно под прагот на сиромаштијата и живеат до 40 до 100 денари на ден. Тоа е навистина мизерно. Не правиме разговор тука за социјални случаи, туку за вработени во државава, коишто секој ден одат од осум до четири на работа“, изјави Иван Пешевски – ССМ.

Властите вчера најавија дека цените на дел од векните леб се намалени и се продаваат по цена од 30 денари. Во следните две недели треба да се намалат и цените на млечните и месните производи со оглед на фактот што целата прехранбена индустрија ќе користи субвенционирана цена на електричната енегија од 80 евра за мегават час. Услов прехранбениот сектор да добие ваква поволност беше да се согласи да ги намали цените на крајните производи за граѓаните. Последните официјални податоци велат дека инфлацијата во земјава достигна ниво од 19,8 отсто, и е највисока од земјите во регионот./Alsat.mk

Иле Петревски

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button