ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува штрајкот на приватните превозници во јавниот превоз во Скопје

Скопјани и денеска се соочуваат со рестрикции во јавниот превоз. Приватниот превозник „Слобода превоз“ продолжува со штрајкот на линиите кои ги опслужува, откако не успеаа да се договорат со Град Скопје како да го наплатат милионскиот долг кон претпријатието.

Иако вчера понудија предлог долгот да се исплаќа на рати, како одговор наместо пари, од Данела добија инспекција да го прочешла работењето на компанијата. Но, според компанијата вршењето притисок е погрешен метод кој воопшто не е во интерес на граѓаните.

Претгодно првиот менаџер на градот им порача дека доколку планираат протести истите да ги организираат пред седиштата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што посочи, вината за настанатиот долг лежи кај нив.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button