Технологија

Произведен материјал за кој тврдат дека ќе го смени светот

Американски научници произведоа револуционерен материјал кој би можел да го смени целиот свет. Тврдат дека создале суперпроводлив материјал кој работи и на доволно ниска температура и на доволно низок притисок за да може да се користи во практични ситуации.

Станува збор за материјал кој може да пренесува електрична енергија без отпор и да пропушта магнетни полиња околу материјалот. Научниците повеќе од 100 години трагаат по таков материјал.

Откритието на тој материјал може да доведе до електрични мрежи кои можат незабележително да пренесуваат енергија, со што ќе се заштедат до 200 милиони мегават-часови, кои моментално се губат во мрежата поради отпорот. Тој материјал исто така може да придонесе за нуклеарна фузија, која пак има потенцијал за создавање неограничена енергија.

Останатите можни примени на материјалот, според сугестиите на американските научници, вклучуваат многу брзи лебдечки возови и нов вид на медицинска опрема.

Студијата за ова откритие е објавена во списанието Nature.

Материјалот го добил името reddmatter (црвена материја), по својата боја, но и поради наклонетоста на научниците кон материјалот од популарниот филмски серијал Ѕвездени патеки.

Материјалот е создаден со помош на реткиот метал лутециј помешан со водород и мал дел азот. Таа мешавина е оставена да реагира два-три дена на високи температури, а резултатот бил материјал со богата сина боја. При предавање под висок притисок материјалот ја сменил бојата од сина во црвена. .

За да биде суперпроводлив материјалот мора да се загрее на 20,5 степени Целзиусови и компримиран под притисок од 10.000 бари.

Прикажи повеќе
Back to top button