ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русино ризикува да биде затворен

Поради неплаќање на обврските од страна на општините Гостивар, Желино, Јегуновце, Полошкото заедничко претпријатие кое стопанисува со регионалната депонија Русино продолжува да работи со загуба. Првиот човек на Претпријатието вели дека за нормално функционирање се потребни најмалку 25 илјади евра.

„Ситуацијата со исплата на субвенции од општините е иста како и во последниот разговор што го имавме. Значи се уште недостасуваат дел од средствата кои општините не ги уплатиле“, изјави Бесим Догани, директор на Претпријатието „Русино Полог„

Градоначалниците на Гостивар и Желина порачаа дека го вратиле најголемиот дел од долгот.

„Верувам дека дел од уплатата ќе ја извршиме во текот на оваа недела, дел иако не е многу висока, е направена“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

„Наша обврска е затоа што сме самите дел од донесената одлука во однос на функционирањето на Русино. Плативме дел, мислам дека најголемиот дел е платен„ изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.

Првиот човек на Гостивар Таравари, бара олеснување бидејќи претпријатието „Русино-Полог“ е сместено на територијата на општина Гостивар.

„Побаравме Гостивар да биде субвенционирано како општина бидејќи депонијата се наоѓа во општина Гостивар, а сега на средбата што ја имаме на 26-ти се надевам дека ова ќе биде прифатено од сите општини“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Негативен одговор на ова барање Таравари доби од претседателот на планскиот регион на полошкиот регион Билал Касами. Тој рече дека ја разгледуваат можноста за плаќање на закупнината за Гостивар за користење на земјиштето.

„Она за што неформално разговаравме со дирекцијата за развој на полошкиот регион е да се види законската можност на општина Гостивар, бидејќи депонијата е на нејзина територија, во некој облик да и се плаќа кирија за просторот што го користиме, но не да има бенефиции за цените„, изјави Билал Касами. претседател на Планскиот регион за развој на Полог

Јавните претпријатија во деветте полошки општини за фрлање отпад во Русино треба да платат 2,5 евра за тон отпад. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button