ВЕСТИСВЕТ

Трамп се огласи по одлуката на Сенатот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп издаде изјава откако Сенатот одлучи да не го усвои неговото отповикување.

„Сакам прво да се заблагодарам на мојот тим посветени адвокати и други кои неуморно работеа на заштита на правдата и вистината“, рече Трамп.

Тој го осуди обидот на Демократите и повторно го нарече „најголемиот лов на вештерки во американската историја“.

Трамп се осврна и на својата политичка иднина, бидејќи по одлуката на Сенатот, тој може да учествува на следните претседателски избори во 2024 година.

„Нашето историско, патриотско и прекрасно движење „Да ја направиме Америка повторно голема – МАГА“, штотуку започна. Во следните месеци, ќе имам многу што да споделам со вас и со нетрпение очекувам да го продолжиме нашето неверојатно заедничко патување за да ја достигнеме американската извонредност за сите луѓе“, рече Трамп, додавајќи:

„Ни претстои многу работа и наскоро ќе дојдеме со визија за светла, сјајна и безгранична иднина на Америка“.

Американскиот Сенат не го усвои барањето за отповикување на Доналд Трамп, бидејќи не беше потребно двотретинско мнозинство. 57 сенатори гласаа „за“ и 43 „против“, додека беа потребни 67 гласа за усвојување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button