ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во судовите недостасуваат 160 судии, во Обвинителството 70

Судскиот и обвинителскиот совет негодуваат на малкуте кандидати кои излегуваат од Академијата за судии и јавни обвинители. Иако изминатите години барале од Академијата да има конкурс за поголем број на слушатели, велат максимумот со години бил до 30 кандидати.

„Минатата година Судскиот совет побара 55 кандидати за деветата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Бројката е утврдена врз основа на тогашните анализи, а имајќи ги предвид просторните, кадровските и финансиските услови на Академијата“, вели Павлина Црвенковска, претседателка на Судски совет.

И Обвинителството кубури со кадар. До крајот на годинава ќе има 77 празни обвинителски места. Првиот човек на обвинителскиот совет вели дека 29 кандидати за обвинители ќе пополнат само една капка во морето. Во 2023 година ќе недостасуваат 48 обвинители, но други ќе се пензионираат.

„Ние секогаш бараме поголем број на слушатели, односно онолку колку што недостастуваат обвинители, меѓутоа Академијата за судии и јавни обвинители со години наназад го ограничува бројот на слушатели поради нивните можности и капацитети за изведување на обуката“, рече Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Прашавме во Академијата за судии и јавни обвинители до колку слуштали може да има една генерација, но не ни одговорија. На есен од Академијата за првпат ќе излезат спремни дури 59 судии и обвинители. Од нив 30 се идни судии, што значи дека ќе недостасуваат уште 130 судии.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button