ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

При контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово затекнале пет лица – гости и сопственикот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР дополнуваат дека објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button