ВЕСТИСВЕТ

Билд: Војник на Бундесверот уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Припадник на германските вооружени сили уби неколку лица во Шесел, во областа Ротенбург, соопшти полицијата.

Според германскиот магазин „Билд“, животот го загубиле четири лица, меѓу кои и едно дете.

Војникот ѝ се предал на полицијата и бил уапсен. Неговиот мотив сѐ уште не е познат, а полицијата се сомнева дека се работи за семејно насилство.

Неофицијално, според „Билд“, жртви се поранешната сопруга на напаѓачот и едно дете, новиот партнер на жената и неговата мајка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button