ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Државјани од цел Западен Балкан на вакцинација во Белград

Изутринава има големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението, дознава Алсат. Овој викнед голем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Освен граѓани кои индивидувално преку електронска пријава на сајтот Е-управа во Србија си обезбедиле термин за вакцинација, викендов во Белград и Ниш се спроведува и организирана вакцинација на бизнисмените и вработените во компании од Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button