ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случајот „Талир 2“ пред крајот, се бара ослободителна за Груевски

Случајот „Талир 2“ за изградбата на партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ е во самиот финиш. За овој случај се обвинети екс – премиерот, Никола Груевски и поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски за злоупотреба на нивните функции. Денеска во судот -завршен збор дава одбраната.

Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, го брани адвокат по службена должност кој го плаќа државата, а тој побара Груевски да биде ослободен.

„Барам, првообвинетиот да биде ослободен од обвинение, бидејќи во неговите дејствија нема елементи на кривично дело кое му се става на товар“, рече Горан Кркински, адвокат на Груевски.

Судењето е во тек и во попладневните часови. Претходно, Обвинителството побара затворски казни за Груевски и Божиновски, бидејќи според Обвинителството, презеле незаконски дејствија за да се изгради т.н. „Бела палата“ на ВМРО. Обвинителството бара државата да ја конфискува. По давањето на завршните зборови ќе следува изрекување на пресудите.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button