ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жан Митрев пречекан од демонстранти пред судот

На седницата закажана за случајот на приватната болница „Жан Митрев“, главниот обвинет, сопственикот на болницата Жан Митрев, наиде на протести од членовите на семејството кои останале без роднини по лекувањето со методот на хемофилтрација, кое по новинарската истрага произлезе како метод што не беше одобрен од СЗО.

„Нашиот роднина не умре од Ковид, туку од пропустите на Жан Митрев“,

„Хемофилтрацијата ги удави нашите роднини, бараме одговорност“,

„Профит на сметка на заразените со Ковид-19“ беа дел од паролите на членовите на семејството.

Митрев е обвинет за сторено кривично дело „Измама“. Целта на обвинителството е да докаже дека обвинетиот во случајот Жан Митреви сакал да ги измами пациентите за законска корист.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button