Голем број граѓани се собраа пред Владата, протестирајќи против францускиот предлог. Тие сега влегоа во владиниот двор и покрај металните штитници и обидот на полицијата да ги спречи.
Демонстрантите цело време пеат и извикуваат: Ултиматум? -Не, благодарам.
Некои од демонстрантите носат и маски на кои им се гледаат само очите.
Кордонот на специјалната единица е поставен пред владините врати, додека демонстрантите се движат наоколу, вандализирајќи го владиниот двор.