ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ден на македонскиот јазик – 5 Maj

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, надлежните институциии денеска организираат дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво. Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското  писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

Во Националната опера и балет ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура.

-На панел-дискусијата ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго, најави Министерството за култура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button