КОШАРКА

Денвер и Јокиќ пред елиминација од НБА плеј-офот

Денвер го претрпе и третиот пораз во серијата против Голден стејт и се наоѓа пред елиминацијата од НБА плеј-офот.

Во третиот натпревар Вориорси како гости славеа со 113:118 во „Бол Арената“ предводени од Стеф Кари кој постигна 27 поени (шест асистенции), исто толку имаше и Џордан Пул, додека Клеј Томпсон придонесе со 26 поени.

На спротивната страна за Нагетси повторно најефикасен беше српскиот центар Никола Јокиќ со 37 поени (18 скокови, пет асистенции).

Четвртиот меч повторно ќе се игра во Денвер во недела со почеток од 21.30 часот по средноевропско време.

НБА плеј-оф, резултати:

Минесота – Мемфис 95:104 (1:2)
Јута – Далас 118:126 (1:2)
Денвер – Голден стејт 113:118 (0:3)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button