ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца повредени, со „цитроен“ излетале од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Тројца повредени, со „цитроен“ излетале од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Вчера попладне околу 14.55 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Ругинце, кумановско, патничко моторно возило „цитроен“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И.Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

– По несреќата, И.Ј, како и сопатниците Б.Ј. и И.Ј. биле пренесени во Општата болница Куманово, каде им се констатирани повреди, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Куманово.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button