ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Мицкоски: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Нема Уставни измени под бугарски диктат. Овој став го повториле на координација со лидерот Христијан Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мицкоски преку Фејсбук информираше за координацијата, на која според него, едногласно било побарано да не се одолговлекува процедурата за Уставни измени.

„Денес имав редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Нема уставни измени под бугарски диктат; Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата. Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button