ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сојуз на синдикати: До 20 јануари да се изгласа зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати се разочарани што пратенциите не одговориле на нивното барање за зголамување на минималната плата од 15 на 18 илјади денари. Вакво барање тие доставиле до Собранието во декември, за навреме да се реагира пред најавениот бран на поскапувања.

Синдикалците за Алсат велат дека доколку се зголеми минималецот на 300 евра, во тој случај тој ќе изнесува 60 отсто во однос на просечната плата. Тие средства ќе им помогнат да ги надминат финаниските проблеми предизвикани од новата цена на струјата и на другите основни производи.

„Морам да кажам дека Претседателот на собранието во најкратко време, за само три до четири дена од поднесувањето на иницијативата на ССМ тој ја достави до пратениците, но тие не го искористија своето деловничко право да предложат предлог закон за измени и надополнувања на законот за минимална плата. Веројатно, побрзо ќе реагираа доколку им предложевме да си ги зголемат дневниците за службени патувања или трошоците за превоз“, рече Слободан Трендафилов Сојуз на синдикати на Македонија.

Премиерот во заминување Зоран Заев на 28 октомври најави дека минималната плата од 15 ќе се зголеми на 18 илјади денари, а со тоа и ќе се отвори спиралата за раст на останатите плати. Синдикалците на политичарите им даваат рок до 20ти овој месец да седнат на пратеничките фотелји и да го донесат потребниот закон за работниците. Од ССМ потсетуваат дека на крајот на јануари истекува мерката за замрзнување на основните прехранбени производи, а дополнителн оптоварување ќе бидат зголемените трошоци за домување, односно сметките за струја и парно.

Пред помалку од еден месец синдикалците протестираа во главниот град и им порачаа на политичарите дека освен недела-неработен ден и зголемување на минимална плата треба да бидат донесени уште неколку закони и мерки кои директно ќе влијаат на подобрувањето на работничките права. На барањата на работниците се спротиставуваат од Организација на работодовачи.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button